Во пожар во делчевското село Град изгоре куќа, сопственост на семејството Атанасови. Пожарот прв го забележал еден од сопствениците на куќата, кој спиел, но го разбудила миризбата на запалено.
Жителите на селото информираат дека благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Делчево спречено е проширување на пожарот на околните куќи.
Во пожарот нема повредени, а како причина се напоменува неисправна плинска боца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.