На 27.01.2021 во 16.30 часот во СВР Скопје, З.В.(53) од Скопје пријавил дека во 14.20 часот, додека бил во неговиот угостителски објект во Дебар Маало, едно лице физички го нападнало, а другото оштетило дел од инвентарот.

Според пријавеното, на ова претходела вербална расправија, бидејќи претходниот ден истите лица не сакале да го напуштат локалот по завршување на работното време. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.