Вчера во СВР Струмица, А.П. (68) од Струмица пријавил дека околу 11 часот во менувачница во Струмица на сопственикот му дал 95.000 швајцарски франци, кои биле во апоени од по 100 франци, за да му ги замени во апоени од по 1.000 франци.

П.М. му заменил само 30.000 франци, додека останатите 65.000 франци ги задржал и се уште не му ги вратил.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.