Вчера околу 14 часот во СВР Скопје, Д.Ј. (31) од Скопје, вработен во ЕВН пријавил дека во бурекчилница на улица „Иван Хаџиниколов“ во Скопје, додека извршувале работни задачи со колегата С.Ц., сопственикот на објектот М.С. им упатувал закани, по што го оштетил службеното возило „Фиат Дабло“.
М.С. бил приведен во Полициската станица Драчево, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.