Сопствениците на продавници и тезги во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица се поделени во три групи за проценка на штетите од пожарот-целосно оштетени, делумно и неоштетени и во соработка со ОЈО Струмица и МВР ќе се врши проценката, информираше Илија Митрески, од Здружението „Фер есап“.
Според него, во наредните денови треба да почне проценката.
Во зависност од тоа кој стопанственик како е поделен во соодветната група ќе следува постапка за да ги еведентираат и проценат штетите – рече Митрески.
Додава дека штетите се големи, но не сака да шпелулира со конечната бројка.
Секој правен субјект со попис и сметководствена евиденција ќе си утврди колкава му е штетата и според тоа ќе се води постапка за да им се помогне на оштетените – посочи Илија Митрески од Здружението за заштита на правата и интересите на трговците „Фер Есап”.
Во пожарот, кој избувна на 2 овој месец во 23:12 часот, опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот, а урнат е и дел од покривот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.