Поранешната пратеничка Маринела Маричиќ Тушева, која сега работи во Министерството за одбрана, на фејсбук објави видеоснимка, на која се гледа како гори еден од двата автомобили, запалени од засега непознати сторители.
Настанот се случил утрово околу 5 часот во штипската населба Сењак 3. Во возилата на таткото и братот на Тушева биле фрлени Молотови коктели.
На залезот на Денот на ВМРО и изгревот на парламентарните избори. Обнова has checked in. Волкот влакно менува, нарав никогаш, напиша Тушева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.