Македонскиот државјанин, кој беше повреден во сообраќајната несреќа на Халкидики е пуштен од болница и веќе е во Македонија, дознава дописничката на МИА од Атина.
Во сообраќајната несреќа што се случи вчера наутро на локалниот пат Муданиа-Палиоури на првиот крак на Халкидики, загина 22-годишен државјанин на Македонија, откако, од засега непознати причини, се превртел автомобилот, со македонски регистарски таблици, а сопатникот беше пренесен во болница.
Од грчката полиција соопштија дека околу 6.20 часот во неделата на локалниот пат меѓу Муданиа и Палиоури на Халкидики се превртел автомобилот со кој управувал 22-годишен странски државјанин и загинал возачот, а неговиот 21-годишен сопатник, исто така странски државјанин е повреден.
Според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за државјани на Македонија, а автомобилот бил со македонски регистарски таблици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.