Вчера во 16.40 часот на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, околу еден километар после с.Ропотово, патничко моторно возило „опел астра“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(66) од Прилеп, излетало од патот.
На местото на несреќата починал сопатникот В.Т.(71) од Прилеп, додека возачот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.