Скопјанка на возраст од 80 години е тешко повредена во сообраќајна несреќа која се случила вчера на излез од подземниот паркинг на Трговскиот центар Капиштец и сервисната улица која ги поврзува улиците „Народен фронт“ и „Васил Ѓоргов“ во Скопје.

Возило удрило во пешакот Е.Р.(80) од Скопје, по што го напуштило местото на незгодата. Во незгодата, Е.Р. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.