Вчера попладне на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „априлија“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А. (19) од Скопје и мотоцикл „баотиан“, со скопски регистарски ознаки, управуван од З.Л. (47) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.Л. и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Додека, со телесни повреди се здобиле Б.А. и неговиот сопатник А.М. (18) од Скопје и им била укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.