Две лица се повредени во сообраќајка која што утрово околу 11 часот се случи меѓу патничко возило и моторцикл на регионалниот пат Велес – Чашка, на излезот од Велес. Повредените на возраст од 17 и 18 години биле на моторциклот, а со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница во Велес.
Од Службата за итна медицинска помош информираат дека двете лица биле во свесна состојба и итно се пренесени на Хируршкото одделение во Општата болница во Велес.
На местото на несреќата се врши увид од страна на надлежните органи.
Поради сообраќајната несреќа и увидот кој е во тек, екипи на СВР Велес вршат наизменично припуштање на возилата од двете страни, информира Димитар Каракулев од СВР Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.