Четири лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа, која случи утринава во 6:50 часот на регионалниот пат Штип-Кочани во близина на селото Крупиште. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА информира дека повредените се хоспитализирани во болницата, од кои двајца се со тешки телесни повреди, а двајца од повредените се пуштени на домашно лекување.
Двајцата тешко повредени пациенти се уште се на снимање и иследување. Прегледани се од ортопед и хирург. Состојбата на пациентите се следи, вели Шуманска.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека до несреќата дошло при судир на две патнички моторни возила, но како се случила повеќе информации во текот на денот. Во тек е увид на местотото на несреќата од страна на истражните органи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.