Сообраќајна незгода се случи денес, нешто по 11:30 часот, на патот Охрид-Св. Стефан.
Незгодата се случила после кружниот тек за населбата Рача, во насока кон Св. Стефан.
Неофицијално, во незгодата во која учествувало патничко моторно возило марка „Голф“ е повредено едно лице.
На терен излегоа СВР Охрид, кои за Супер радио и Охрид Прес го потврдија настанот и додадоа дека увидот е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.