Се судрија возило марка „мерцедес“ со албански регистарски таблички од Тирана и товарно возило од Скопје на патот Градско-Росоман. Повредени нема, причинета е само материјална штета, информацијата за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Во тек е увид на самото место. Едната лента е затворена за сообраќај, а сообраќајот регулиран од полицијата, се одбива по другата лента. Повредени нема, причинета е само материјална штета, појасни Додевски.

Засега не се соопштува повеќе детали за сообраќајката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.