Вчера во 09.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат Скопје-с.Арачиново, во близина на влез за с.Брњарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф”, управувано од З.С.(55) од с.Грушино и автобус „јутонг”, управуван од И.В.(42) од Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата З.С. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.