Сообраќајна несреќа се случила предмалку кај Момин Поток. Од она што може да се види фотографиите објавени на Фејсбук групата Ѕидот на сообраќајниот срам, во неа учествувале три возила од кои еден авотмобил „Сеат“ се забил во семафор, а „Фолкваген Пасат“ и „ Шевролет Спарк“ се забиле еден во друг.
Засега нема детали за повредени, а корисниците на социјалните мрежи сведочат дека на местото на несреќата не работела сообраќајната сигнализација што и било една од причините за сообраќајката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.