Синоќаво 21:00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај Копачка, С.Р.(59) од Тетово управувајќи патничко моторно возило „Пасат“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.А.(62), по што биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.