Сообраќајна несреќа се случила попладнево кај хотелот „Силекс“ во Охрид меѓу две патнички возила, објави „Скопје1“.
Според МВР, во несреќата нема повредени лица, а причинета е мала материјална штета.
Едното од возилата беше подигнато со пајак-возило и тргнато од патот.
Инаку, во текот на денот повеќепати сообраќајот од центарот на Охрид до плажите во месноста св. Стефан беше блокиран. Поради напливот на туристи, тешко се минува и низ улиците во центарот на градот.
извор: Скопје1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.