Вчеравечер во 22 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, кај тунел во близина на Демир Капија, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ и товарно моторно возило „волво“, управувано од Г.С.(35) од Битола.

Полициски службеници излегле на местото на незгодата и во непосредна близина пронашле 14 мигранти од Авганистан, Пакистан и Ирак, кои изјавиле дека се превезувале со патничкото моторно возило, а по незгодата возачот и совозачот го напуштиле местото на настанот.

Во незгодата, двајца мигранти се здобиле со повреди и биле пренесени во Медицински центар Кавадарци за укажување лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.