Вчера во 14.05 часот во Полициската станица за Надворешно физичко обезбедување – Скопје, од Британската амбасада било пријавено дека по пошта пристигнал сомнителен пакет, адресиран за вработен, кој не очекувал никаква пратка.

При преземени мерки, полициски службеници од Единицата за откривање на експлозивни средства и направи утврдиле дека не станува збор за експлозивна направа, туку во пратката има бел коверт, во кој имало две епрувети, кои биле одземени и дадени на вештачење.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.