79-годишната Катица Маноилова и синот Ванчо од Велес, кои беа најдени мртви на 6 април, последен пат соседите ги виделе на кратко на почетокот на јануари, кога ги платиле месечните сметки за влезот од зградата каде живее, пренесува „Сакам да кажам“. Кога заѕвониле на врата од мајката и синот ја подотвориле и дале пари.

Синот Ванчо е виден исто така на почетокот од јануари, кога бил во Центарот за социјални работи на Велес да обнови документи дека треба да користи материјална помош и нега. Објаснуваат дека станувало збор за многу коректна странка, помалку плашлива, која не зборувала многу.

Од Центарот за социјални работи велат дека последен пат ги провериле лани, а годинава не ги провериле поради епидемијата на коронавирус.

По поднесувањето на документите треба да извршиме проверка во наредните месеци. Но бидејќи започнаа случувањата со коронавирусот, не одиме да посетуваме странки. За ланската 2019 година е извршена проверка кај ова лице. Јавноста треба да знае дека по опожарувањето на станот во 2018 година дадена им е еднократна материјална помош. Тогаш им беше понудено старицата да биде згрижена во дом а синот во здравствена институција, но тие одбија, бидејќи биле материјално обезбедени а тоа го потврдија и со потпис на документ, велат за порталот од Центарот за социјални работи од Велес.

Според обдукцијата, тие починале во јануари, а кај жената е најден коронавирус во дишното стебло, како што кажа вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Повеќе на „Сакам да кажам



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.