Во 09.20 часот утринава во СВР Велес било пријавено дека во експозитура на ТТК Банка на ул.„8 Септември“ во Велес едно лице со закана со пиштол од вработените одзело пари и побегнало.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Според сведоци кои се нашле на местото на грабежот, лицето било маскирано со заштитна маска против загадување на воздухот, и со пиштол в раце.

СВР Велес е во потрага по лицето и врши контрола на автомобилите кои го напуштаат градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.