На ул.„Индира Ганди“ во Скопје вчера околу 14:10 часот, полициски службеник од Полициското одделение Шуто Оризари лишил од слобода малолетен крадец од Скопје, кој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ на дрзок начин, односно во моментот кога со употреба на сила од вратот на Н.А.(61) од Скопје одзел златен накит.
МВР денеска соопшти дека тој бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 став 3 од Кривичниот законик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.