Вчера попладне на локалниот пат за с. Пласница – Македонски Брод кај м.в. „Курикамења“ се случила сообраќајна незгода во која возач во возило со засега непознати регистарски ознаки удрил во С.Џ. (12), која управувала велосипед, и го напуштил местото на настанот.
На С.Џ. и е укажана помош во Медицински центар Кичево, а потоа и во Медицински центар Битола, каде и се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на лице место извршила екипа Полициската станица Македонски Брод и се работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.