Основното јавно обвинителство Гостивар поднело Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело злоупотреба на лични податоци.
Обвинетиот 26-годишник од Врапчиште, во текот на месец август 2019 година, ги злоупотребил личните податоци на две оштетени лица.
Без нивна согласност, тој отворил профили со нивно име на социјалната мрежа Инстаграм и на тие профили ставил лични податоци и фотографии од оштетените, со цел да им наштети на нивните чест и углед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.