Вчера околу 13 часот на крстосница од улиците „7-Ноември“ и „Бекир Алириза“ во Охрид, мопед „Томос Спринтер“ без регистарски ознаки управуван од Т.Ш. (71) од село Велгошти, охридско, излетал од патот и удрил во бандера.
Со возило на Итна медицинска помош Т.Ш. бил пренесен во Општата болница-Охрид каде од здобиените повреди починал.
Увид на местото на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.