Охридската полиција поднесе кривична пријави против 76-годишен жител на Трпејца поради постоење основи на сомнение дека е сторител на казнените дела „бесправно градење“, „узурпација на недвижности” и „употреба на исправа со невевистинита содржина“, како и против В.К.(53) од Охрид поради сторено казнено дело „фалсификување или уништување деловни книги”.
Мажот од Трпејца од август до декември лани, на катарстарска парцела во селото Трпејца, во месноста „Трпејчко кале“ што е во состав на Националниот парк „Галичица“, без да поседува одобрени за градба изградил индивидуален објект и како доказ употребил фалсификат геодетски елаборат, изработен од охриѓанецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.