Дваесет и четиригодишник од Боговиње и неговиот татко се приведени во полиција затоа што вчера синот со пиштол и се заканувал на медицинска сестра во тетовската болница.

Настанот се случил на Гинеколошкото оддление каде медицинската сестра извршила наплата на болнички услуги кои претходно ги користела неговата сопруга.

-Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 12 часот и 45 минути, ги лишиле од слобода Ф.Ш.(24) и А.Ш.(48), двајцата од тетовско Боговиње откако 15 минути претходно во ходникот на Гинеколошкото одделение Ф.Ш. извадил пиштол и упатил закани кон медицинска сестра, соопшти Марјан Јосифовски од СВР Тетово.

Од 24-годишникот бил одземен гасен пиштол „Екол алп”, калибар 9 милиметри со празна рамка. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде изготвен соодветен поднесок



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.