Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид, сакајќи да ги ограби.
Според информациите на охридската полиција, вчера во 20 часот, полициски службеници на улица Св.Климент Охридски во Охрид го привеле Х.С.(23) од Скопје.
Тој, според претходно добиена пријава, со пиштол на дијаболи во рацете влегол во три златарници на истата улица.
По целосно документирање на настанот и во консултација со јавен обвинител, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.