СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.И. (40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 26.11.2018 пред дискотека во Тетово, пријавениот упатил закани со пиштол кон лицата А.С. и А.И.. По преземени мерки, полициски службеници го пронашле пиштолот „Чешка Зборевка“ и 10 куршуми калибар 9 мм, кои пријавениот ги поседувал со дозвола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.