Вчераутро во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „Цветан Димов“ и улицата „Коста Абрашевиќ“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Пежо 106“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ. (60) од Скопје и велосипед управуван од Н.С. (60) од Скопје.

Н.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.