Вчера околу 15 часот на крстосница од регионалниот пат Гостивар – с. Градец и локалниот пат за с. Пожаране се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо 206“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р. (51) од с. Врапчиште и велосипед управуван од 11-годишен малолетник од с. Топлица.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.