Основното јавно обвинителство Куманово, поведе постапка против 32-годишен жител на сeло Слупчане, Липково, поради основано сомнение дека извршил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот Законик.
Осомничениот во неделата со употреба на опасно орудие нападнал службено лице-полицаец и при тоа телесно го повредил. Полицаецот бил во состав на мото патрола, упатена да го пронајде и приведе осомничениот во полициска станица.
Во моментот кога службените лица го пронашле и презеле дејствија за приведување, осомничениот го нападнал полицискиот службеник со метална шипка и му нанел повреда во пределот на стомакот.
Во насока на обезбедување услови за непречено одвивање на кривичната постапка, надлежниот обвинител достави предлог до Основниот суд Куманово за определување на мерка притвор за осомничениот. Судот по спроведена постапка донесе Решение со кое на осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.