Вчера околу 02 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот “Јане Сандански“ патничко моторно возило „Мерцедес“ удрило во пешак М.Ц. (40) од Скопје, по што го напуштил местото на настанот.
По незгодата пешакот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди.
Извршен бил увид од страна на СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.