На 28.09.2019 во 19,20 часот на магистралниот пат Радовиш-Струмица кај клучка Струмица К.М.(78) од Радовиш управувајќи патничко моторно возило “Мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки удрил во препрека на пат каде се изведувале градежни работи.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Р.М.(79), а со телесни повреди се здобиле возачот и уште една сопатничка Л.К.(75) по што биле пренесени во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.