Вчера околу 13 часот на регионалниот пат с. Пршовце – с. Јегуновце – Тетово, пред сепарацијата за бетон, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Сеат Леон“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ќ.Н. (33) од с. Копанце – Тетово, излетало од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.О., додека Ќ.Н. и сопатничката А.О. се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош во КЦ – Тетово се пуштени на домашно лекување.
Увид извршила екипа од ПС за БПС – Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.