Девојка од Кратово се обидела да пушти во промет лажни банкноти од по 500 евра. Таа во скопско казино ги разменила  фалсификуваните евра за денари.

СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против М.Ф.(24) од Кратово, со привремено живеалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“, казниво по член 268 од Кривичниот законик.

 

Пријавената М.Ф.(24) набавила две фалсификувани банкноти во апоени од 500 евра и на 26.11.2020 во казино во Скопје ги пуштила во оптек, односно ги разменила за денари и на тој начин го сторила кривичното дело, стекнувајќи се со противправна имотна корист – информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.