Вчераутро во с. Мородвис, кочанско, патничко возило „Лада Нива“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.А. (71) од село Мородвис, удрило во пешакот С.И. (79), од истото село.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Здравствениот дом во Кочани бил пренесен во Клиничката болница во Штип на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.