Вчера попладне на ул. „Илинденска“ во с. Велгошти, охридско, патничко моторно возило „лада нива“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Д. (57) од с. Велгошти, удрило во пешаците Ц.С. (26), Ј.С. (24) и дете.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ц.С., а со телесни повреди се здобила Ј.С. и биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Додека, кај детето не биле констатирани повреди.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.