25-годишен маж вчера со комбе излетал од автопатот Тетово-Скопје, по што со возило на итната медицинска помош бил пренесен на Ургетен.
-Околу 07,20 часот на автопатот Тетово-Скопје во близина на мост на река Вардар товарно моторно возило„форд ренџер“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Б.(25) од Тетово излетало од патот и удрило во метална ограда. По незгодата возачот И.Б. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде поради сериозноста на повредите истиот им подлегнал, велат од полицијата.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.