Триесет и двегодишен возач синоќа со товарно возило “МАН” удрил во транспортната лента за руда на “Фени”, па со телесни повреди завршил во кавадаречката болница.
Верољуб Додевски, портпарол од СВР Велес соопшти денеска дека несреќата во која возилото се превртело на коловозот, се случила на регионалниот пат Кавадарци – мотел Дреново.
Возачот бил задржан на лекување во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци.
Извршен е увид на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.