Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.Х. (52) од село Вруток, гостиварско, за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавна инсталација“.
Минатиот месец во село Долна Бањица, гостиварско, пријавениот управувајќи товарно моторно возило за пренос на бетон, сопственост на фирма, при движење со истото оштетил кабел на јавната електрична инсталација, поради што настанал прекин на напојувањето со електрична енергија на околу 100 домаќинства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.