Возач на автомобил „југо“ тешко повредил пешак, па побегнал.
Ова е официјалната информација од портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, за сообраќајката која вчера се случи кај кавадаречката болница.
Вчера попладне во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на улицата „Шишка“, патничко возило „југо“, со демиркаписки регистарски ознаки, удрило во малолетен пешак од Кавадарци, по што го напуштило местото. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци. По преземени мерки од полициски службеници, е утврдено дека возилото го управувал А.К.(27) од Струмица, со престој во Кавадарци – објави Додевски.
Увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Кавадарци, а во координација со јавен обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.