Скопјанка е тешко повредена откако вчера околу 10.15 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје во неа удрил електричен тротинет, управуван од засега непознато лице.
Како што соопшти МВР, непознато лице на електричен тротинет удрило во пешакот Л.Ј.(63) од Скопје, по што го напуштил местото на незгодата. Л.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.