Вчера околу 15 часот на бул. „Ослободување“ во Кичево, З.М. (30) од с. Вранештица, кичевско, управувајќи патничко возило „Опел Фронтера“ со кичевски регистарски ознаки, удрил во пешаците Ѓ.А. (32) и Т.Д. (36), двете од Кичево.
Тие се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Медицински центар Кичево, каде им била укажана лекарска помош, по што и двете биле префрлени во Клиничката болница Битола на понатамошно лекување.
Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.