Вчера околу 01 часот на локалниот пат од село Долни Липовиќ кон село Горни Липовиќ, општина Конче, на место викано „Скокот“, патничко возило „БМВ 320“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.П. (19) од село Ракитец, општина Конче, излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил еден од двајцата сопатници во возилото, кој бил пренесен во Клиничка болница „8-ми Септември Скопје“.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.