Ноќва околу 00.40 часот на улица „Кеј 9-ти Септември“ во Прилеп, Н.Б.(35) од Прилеп, управувајќи патничко возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во дрво.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле две деца сопатници на возраст од две и четири години и биле пренесени во Општата болница Прилеп каде им била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа екипа од Полициската станица Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.