Шеесет и петгодишен жител на Неготино се удавил во Дренска Река во демиркаписко. Трагедијата се случила кога автомобил, во кој загинатиот бил сопатник, ја преминувал реката, кога почнала да влегува вода во возилото.

Вчера, во 15 часот, во СВР Велес било пријавено дека додека патничко моторно возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, управувано од З.А. (48) од Неготино, преминувало преку Дренска Река кај с. Дрен, Демиркаписко, почнало да навлегува вода во возилото, при што од него успеале да излезат возачот З. А. и сопатникот И. Т. (55) од Неготино,  а вториот сопатник, А. П.(65) од Неготино, не успеал да излезе – информираат од МВР.

Од полицијата велат дека утрово, по течението на реката било пронајдено телото на починатиот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.