Синоќа околу 22 часот на автопатот Скопје – Куманово, во близина на наплатна станица Миладиновци, Г.П. (35) од Скопје, управувајќи патничко возило „Ауди“ со бугарска национална ознака, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот Г.П. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.