Кривичниот суд им изрече ослободителна пресуда на петмина обвинети во случајот „Шпион“ за кој се води повторена постапка, откако Апелација делумно ја укина пресудата. Миќо Насковски, Марјан Маџовски и Горан Стојков, Ѓорги Хаџимицев и Цветан Дамјановски, со аплауз ја поздравија одлуката.
Дел од нив одговараа за измама, беа обвинети за злосторничко здружување и незаконско поседување на оружје.
И против екс разузнавачот Марјан Ефремов се водеше постапка но, во ноември минатата година судот ја раздвои за него постапката затоа што не се појавил на рочиштата и не била доставена медицинска документација која би го оправдала неговото отсуство.
Во предметот „Шпион“, со првостепената пресуда сите деветнаесет обвинети беа прогласени за виновни. Највисока 15-годишна затворска казна доби Марјан Ефремов. Останатите затворски казни се движат од една до девет години, а изречена беше и една условна казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.